Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2014

Вердер бара нов тренер по отказот на Дут

Вердер од Бремен, кој моментно се наоѓа на дното на табелата на Бундеслигата, го отпушти тренерот Робин Дут по девет натпревари без победа.

Четириесет и деветгодишниот Дут, кој на клупата на Вердер беше малку повеќе од една година, е отпуштен по 24 часа откако неговата екипа беше поразена на домашен терен од Келн со 1-0.
Вердер во досегашниот дел од сезоната собра само четири бодови и прими дури 23 голови.
Четирикратниот шампион на Германија, иако последната титула ја освои во 2004 година, минатата сабота беше прегазен во дуелот со Баерн од Минхен со 6-0, со тоа што немаше ниту еден удар кон голот на домаќинот.
Виктор Скрипник, тренерот на младата екипа на Вердер, е поставен за привремен шеф на стручниот штаб.

Најнови вести