Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2015

Вердер неколку месеци без Јохансон

Арон Јохансон, фудбалерот на Вердер од Бремен, ќе отсуствува од теренот неколку месеци, откако му беше извршена операција поради проблеми со десниот колк.

Јохансон не игра од крајот на септември поради проблеми со нервот во десниот колк. Нему му е извршена операција во Берлин и наредните денови треба да се врати во Бремен, каде што ќе почне со рехабилитација.
Фил Хејтман, клупскиот лекар на Вердер, изјави дека конзервативните начини на лечење не помогнале да се отстрани болката кај 24-годишниот напаѓач. Јохансон во Вердер дојде на почетокот на сезоната од АЗ Алкмар, одигра шест натпревари и постигна два гола.
За репрезентацијата на САД одигра 19 натпревари и постигна четири гола.

Најнови вести