Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2014

Хунт направи трансфер од Вердер во Волфсбург

Арон Хунт, досегашниот фудбалер на Вердер од Бремен, вчера направи трансфер во екипата на Волфсбург, со која потпишал договор на три години.

Хунт, кој досега одигра и три натпревари за селекцијата на Германија, претходните 13 години ги помина во Вердер.
„Долго бев во Вердер, постигнав многу, но дојде време за нов предизвик“, изјави 27-годишниот Хунт за интернет-страницата на Волфсбург.
Тој не се најде на списокот на селекторот Јоахим Лев за Мундијалот во Бразил. Последен пат за Германија играше во мај минатата година.
Хунт е второ засилување на Волфсбург во овој преоден рок, а неодамна во клубот дојде и Себастијан Јунг од Ајнтрахт.

Најнови вести