Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Марио Гомес е новото засилување на Волсбург

Германскиот репрезентативец Марио Гомес се врати во родната земја по три сезони.

Гомес е новото засилување во тимот на Волфсбург кој за него му плати седум милиони евра на италијанскиот клуб Фиорентина. 
Германецот минатата сезона блескаше во Турција, постигна 28 голови додека беше на позајмица во тимот на Бешикташ.
„Според моето мислење Гомес е најдобриот германски напаѓач. Тој е голгетер од меѓународен ранг, кој нам ќе ни донесе дополнителен квалитет и искуство во тимот. Совршено се вклопува во нашите амбиции, поседува лидерски способности“, изјави директорот на Волфсбург, Клаус Алофс.
Првиот избор на Волфсбург беше Симеоне Заза, но Јувентус ја одби понудата од 25 милиони евра.
Гомес има 31 година, а во Волфсбург ќе го носи дресот со бројот 33. Во текот на кариерата тој играше уште за Штутгарт и за Баерн Минхен.
За Германија постигна 29 голови на 68 натпревари. 

Најнови вести