Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2013

Тепачка на тренингот на Вердер Бремен

Пред гостувањето кај Мајнц во рамките на 26 коло од германската Бундес лига, на тренингот на Вердер изби тепачка.

Веста ја пренесоа германските медиуми според кои по еден остар лизгачки старт се степале Марко Арнаутовиќ и Сократис Папастопулос. Соиграчите ги разделиле фудбалерите, а целата ситуација околу инцидентот се обиде да ја смири тренерот Томас Шаф.
„Сè е тоа во жарот на борбата и не треба да се прави драма од ова“, изјавил Шаф по тренингот.
Мајнц го дочекува Вердер како шестопласирана екипа во првата германска лига, а гостите се на 14 место на прволигашката табела, со само шест бодови повеќе од местото кое води во баражот за опстанок во елитното друштво на германскиот фудбал.

Најнови вести