Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2014

Томас Шаф тренер на Ајнтрахт

Томас Шаф, поранешниот долгогодишен тренер на Вердер од Бремен, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Ајнтрахт од Франкфурт, соопшти германскиот клуб.

Тој потпишал двегодишен договор, а на клупата на Ајнтрахт ќе го замени Армин Вех, кој го презеде Штутгарт.
Шаф го водеше Вердер 14 години, а најголемиот успех го оствари во 2004 година, кога со клубот од Бремен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија.
Ајнтрахт оваа сезона заврши на 13-тото место на табелата.

Најнови вести