Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2015

Вех повторно на клупата на Ајнтрахт

Германскиот фудбалски тренер Армин Вех се врати во Ајнтрахт од Франкфурт, кого го напушти на почетокот на сезоната 2013/14 за да го преземе Штутгарт.

Вех, кој во текот на трите сезони на клупата на Ајнтрахт успеа да го изведе клубот од втората лига и да го доведе до Лигата на Европа, потпиша двегодишен договор.
Томас Шаф, кој во Ајнтрахт го замени Вех, тимот го водеше само една сезона, пред да го напушти поради судир со управата на клубот.
Ајнтрахт оваа сезона ја заврши на деветтото место во Бундеслигата.
Вех во кариерата ги водеше Аугсбург, Хамбургер и Штутгарт, со кого ја освои Бундеслигата во 2007 година.

Најнови вести