Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2015

Стевенс ќе го напушти Штутгарт и покрај опстанокот

Холанѓанецот Хуб Стевенс ќе го напушти местото тренер на Штутгарт и покрај тоа што избори опстанок во Бундеслигата, изјави спортскиот директор Робин Дут.

Штутгарт во последното коло на германското првенство избегна испаѓање откако го победи директниот конкурент Падерборн (2-1), но и тоа не беше доволно Стевенс да остане на клупата на „швабите“.
Дут изјави дека наследник на Стивенс ќе биде Александер Цорнигер, неодамнешниот тренер на Лајпциг, кој ќе биде претставен денес.
Стевенс го презеде Штутгарт во ноември минатата година и поголемиот дел од сезоната го помина на место кое води во втората лига, но во финишот сепак успеа да избори опстанок.
Тој во текот на кариерата ги водеше: Рода, Шалке, Келн, Хамбургер, ПСВ Ајндховен, Салцбург и ПАОК.

Најнови вести