Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2014

Штутгарт го отпушти Шнајдер, нов тренер Стевенс

Управата на бундеслигашот Штутгарт го отпушти тренерот Томас Шнајдер и на негово место го постави Холанѓанецот Хуб Стевенс, соопшти германскиот клуб.

Штутгарт падна на 15-тото место на табелата, само со три бодови над последнопласираниот Брауншвиг, со кого одигра нерешено 2-2.
„Управата донесе одлука во согласност со Шнајдер“, изјави Бернт Валер, претседателот на Штутгарт.
Шеесетгодишниот Стевенс денес ќе го одржи првиот тренинг за да го подготви тимот за тешкото гостување кај Вердер од Бремен следната сабота.
Стевенс порано го водеше Шалке, кого го доведе до титулата на Купот на УЕФА во 1997 година, како и на Купот на Германија 2011 година. Стевенс минатата недела доби отказ на местото тренер на ПАОК.

Најнови вести