Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2014

Хуб Стевенс повторно ќе гo спасува Штутгарт

Нов тренер на Штутгарт е холандскиот стручњак Хуб Стевенс, кој минатата сезона ги спаси „швабите“ од испаѓање во „Цвајта“.

Стевенс беше на клупата на Штутгарт на последните десет натпревари минатата сезона, пред да биде заменет од  Армин Вех.
Вех вчера поднесе оставка по поразот од Аугсбург на домашен терен, кој ги остави „швабите“ на последното место во Бундеслигата само со девет бодови од 12 натпревари.
Стевенс во текот на тренерската кариера главно работеше во Холандија и Германија, ги водеше: ПСВ, Шалке, Херта, Келн, Рода, Хамбургер, како и Ред Бул, Салцбург и ПАОК надвор од овие две земји.
Како фудбалер 11 години го носеше дресот на ПСВ, а беше дефанзивен играч. Ново деби на клупата на Штутгарт ќе има во Фрајбург, во петок вечерта.

Најнови вести