Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2015

Штутгарт го отпушти целиот стручен штаб

Штутгарт го отпушти целиот стручен штаб на чело со главниот тренер Александер Цорнигер, објави интернет страната на клубот.

Цорнигер доби отказ по убедливиот пораз на свој терен од Аугсбург (4-0) во Бундес лигата минатиов викенд. Со него од клубот заминаа и двајцата помошници и тренерот на голманите.
„Начинот на кој бевме поразени во минатиот натпревар нè натера да направиме промени. Ги анализиравме сите актери, тренери и играчи и донесовме ваква одлука“, изјави претседателот на клубот, Бернд Валер.
Цорнигер на клупата на Германците беше точно шест месеци,по лошиот почеток на сезоната и пласманот од 16 место на табелата, тој доби отказ.
Фудбалерите на Штутгарт во следното коло ѝ гостуваат на Борусија Дортмунд, а тимот ќе го предводи тренерот на младинскиот тим Јирген Крамини.

Најнови вести