Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2013

Рафиња суспендиран за преостанатите два натпревари на Бундеслигата

Баерн Минхен вчера дозна дека до крајот на домашното првенство (Бундеслигата) ќе игра без бразилскиот фудбалер Рафиња, кој во минатото коло заработи црвен картон против Борусија Дортмунд.

Германскиот фудбалски сојуз го суспендира Рафиња на два натпревари, а парично треба да плати казна од 15 илјади евра. Бразилецот заработи исклучување во дербито против Борусија поради два многу опасни стартови (два жолти картони) во период од само две минути.
По вториот старт, пак, го фати за врат Јакуб Блашчиковски од Борусија, што Германскиот фудбалски сојуз го прогласи за крајно неспортско однесување.
Баерн ќе го има на располагање Рафиња за финалето на Германскиот куп против Штутгарт и за финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Најнови вести