Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2013

Здравко Кузмановиќ во Интер

Српскиот интернационалец Здравко Кузмановиќ потпиша договор со Интер од Милано, објавија специјализираните италијански интернет-страници.

Кузмановиќ во Интер доаѓа од Штутгарт, за кого настапуваше од 2009 година.
Сè уште не се познати деталите на трансферот, но италијанските медиуми пишуваат дека Интер на германскиот тим ќе му плати оштета од околу два милиони евра бидејќи на Кузмановиќ договорот му истекува на крајот на сезоната.
Српскиот фудбалер на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде претставен утре.
Кузмановиќ има 25 години, игра на позицијата централен играч за врска, а пред Штутгарт и Интер настапуваше за Базел (2005 - 2007) и за Фиорентина (2007 – 2009). За репрезентацијата на Србија настапи 46 пати и постигна шест голови.

Најнови вести