Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2013

На Швајнаштајгер му е извршена операција на петицата

На Бастијан Швајнштајгер, вицекапитенот на фудбалскиот клуб Баерн од Минхен, во понеделникот му е извршена операција на петицата на десната нога, па му претстои кратка пауза пред да се врати на теренот.

Швајнштајгер во понеделникот отпатува во швајцарскиот Цирих, каде што истиот ден му беше извршен оперативен зафат на десната петица, од која му е отстранет еден мал коскен дел, кој му сметаше во завршницата на сезоната.
Се предвидува дека германскиот репрезентативец ќе паузира околу десет дена, пред да се врати на лесните тренинзи. Подготовките на Баерн за новата сезона, со новиот тренер Пеп Гвардиола, почнуваат на 26-ти јуни, а дотогаш Швајнштајгер целосно ќе биде спремен.
Баерн минатиот викенд го комплетира максималниот учинок на освоени трофеи, кога со 3-2 славеше против Штутгарт во финалето на Купот на Германија, кој го додаде на Бундеслигата и на Лигата на шампионите.

Најнови вести