Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2013

Штутгарт го отпушти тренерот Лабадија

Фудбалскиот тренер Бруно Лабадија е прва жртва во германската Бундеслига. По третиот пораз од трите одиграни кола во новата сезона, Штутгарт му се заблагодари на сега веќе поранешниот стратег.

Капката која ја прели чашата кај челниците на Штутгарт беше вчерашниот пораз кај фенерџијата Аугсбург, кој пред третото коло, исто како и Штутгарт, имаше нула на своето бодовно конто. Меѓутоа, Аугсбург со победата од 2-1 пред своите навивачи ги доби и првите бодови во новата сезона, додека истовремено го турна Штутгарт на претпоследното место на првенствената табела.
За денес е организирана конференција за новинарите на која можеби ќе биде соопштена одлуката за нов, или барем привремен, тренер, кој ќе има тешка задача да ја собере екипата и во четврток да го надополни заостанувањето од 2-1 од првиот натпревар во последното коло од квалификациите за Лигата на Европа против Риека.
Лабадија го презеде Штутгарт во декември 2010 година, а оттогаш двапати беше на 12-тото и еднаш на шестото место на крајот на бундеслигашката сезона. Минатата сезона екипата ја водеше до финалето на Германскиот куп, што на „швабите“ им донесе шанса за пласман во група на Лигата на Европа.

Најнови вести