Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2016

Стариџ: Останувам во Ливерпул

Даниел Стариџ уште еднаш остро ја демантираше секоја можност за напуштање на тимот на Ливерпул.

„Во овој момент, фокусиран сум само на тоа да играм. Сакам да се вратам во врвна форма и тоа е единствено што сакам. Не ми паѓа на памет да заминам, а вие пишувајте што ви се пишува“, изјави англискиот репрезентативец на прес конференцијата пред реваншот со Аугсбург во Лигата на Европа.
Стариџ додаде и дека е одлично да се работи со Јирген Клоп.
„Тој е неверојатен, полн е со енергија. Но не само тоа, тој ми помогна кога ми беше најтешко, ми даде морална поддршка и нему му должам добри натпревари“, нагласи Стариџ.

Најнови вести