Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Алисон за Премиер лигата се подготвува како за рагби

Кога противникот изведува корнер, има голема мешаница и голманот треба да се бори за простор

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, својот голман Алисон Бекер на интересен начин го подготвува за англискиот фудбал. На Бразилецот, кој беше донесен од Рома за 65 милиони фунти, со што е најскап голман на светот, му се прават тренинзи со вреќи за рагби. 
Во Премиер лигата се игра физички поцврст фудбал, индиректно и погруб, па Алисон треба да биде подготвен за „ќотек“ и жестоко туркање во неговиот простор кога има прекини. За подобро да се подготви за грубостите, ќе му треба цврстина, па затоа се применуваат реквизити кои се користат на тренинзите на тимовите во рагбито, кој е многу погруб спорт од фудбалот. 
Клоп вели дека сите голмани на Ливерпул ја тренирале оваа техника, и тоа го смета за нормално бидејќи петерецот не е безбедно место за голманите и некогаш на тој простор има и по 15 фудбалери. 
Вечерва Ливерпул гостува кај Кристал палас, па можеби за Алисон ќе има повеќе работа отколку во првото коло, кога Вест хем изведе само четири корнери. 

 

Најнови вести