Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Кога Милнер дава гол, тимот никогаш не загубил

Оваа неверојатна низа започнала уште во 2002 година

Џејмс Милнер го даде првиот го за Ливерпул во синоќешната победа над Кристал палас од 2-0. Со овој погодок на Милнер, уште во тој момент стана јасно дека Кристал палас нема да има шанса да се надева на победа. Едноставно, кога Милнер дава гол, неговиот тим не губи во Премиер лигата. Ова е непишано правило кое трае неверојатни 16 години. 
Серијата на Милнер без пораз кога е стрелец започна во декември 2002 година. Тогаш младиот тинејџер Џејмс беше член на екипата на Лидс. Со 16 години и 356 денови, Милнер даде гол на дуелот против Сандерленд, а Лидс победи со 2-1. Со тој погодок, Милнер уште го држи второто место на најмлад стрелец во историјата на Премиер лигата. 
Во англиската елитна лига Милнер има одиграно 487 натпревари, а досега дал 49 погодоци на 48 средби. Во тие 48 средби, клубовите за кои Милнер има погодувано имаат биланс од 38 победи и 10 нерешени. 
„Се чувствувам добро. Знам дека нема да може да играм на секој натпревар, но максимално ќе се трудам. Телото засега ме слуша“, вели 32-годишниот играч за врска на Ливерпул, кој е среќник за својот клуб кога ќе даде гол. 

 

Најнови вести