Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2016

Аугсбург бара нов тренер

Германскиот фудбалски клуб Аугсбург ги отпушти тренерот Дирк Шустер и неговиот стручен штаб по разочарувачкиот почеток на сезоната.

„Анализата на моменталната ситуација ни покажа дека нам ни се разликуваат мислењата во спортска ориентација и начинот како треба Аугсбург да игра фудбал“, се наведува во соопштението на германскиот клуб.
Покрај Шустер, отпуштени се и неговите соработници Саша Франц и Франк Штајнмец, а одлуката стапува на сила веднаш.
Привремен тренер на Аугсбург ќе биде Мануел Баум, кој е ангажиран во младите категории на клубот.
Аугсбург е 13-ти на табелата на Бундеслигата. Таа екипа победи само во три од 14 натпревари на германското првенство, а во саботата беше поразена од Хамбургер, откако претходно забележа три нерешени резултати.
Шустер во Аугсбург дојде летоска, кога го замени Маркус Вајнцирл, кој го презеде Шалке, а претходно работеше во Дармштад, кој од третата дивизија влезе во Бундеслигата.

Најнови вести