Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2014

Кореецот Ји Донг-Вон го засили Аугсбург

Ји Донг-Вон, 22-годишниот јужнокорејски фудбалер, е ново засилување на Аугсбург, во кого дојде од англискиот прволигаш Сандерленд.

Кореецот нема да се чувствува како странец во овој германски клуб, кој на зимската пауза отиде како осма екипа на Бундеслигата, бидејќи дресот на кубот го носеше во дел од минатата сезона, кога беше дојден на заем.
Сега Ји Донг-Вон со Аугсбург потпиша професионален договор, откако во првиот дел од сезоната во Сандерленд одигра пет прволигашки натпревари без погодок.
Минатата сезона како напаѓач на Аугсбург беше поконкретен - постигна пет погодоци во 17 настапи.

Најнови вести