Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

Клоп: Можеме подобро, но не со ваква пауза

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул,изјави дека не може да ја објасни играта на неговиот тим во Сандерленд, но индиректно го критикуваше системот на Премиер лигата.

„Црвените“ одиграа 2-2 на „Стадионот на светлината“, само по два дена по големата победа над Манчестер сити.
Ливерпул два пати водеше вчера, но буквално му подари два пенали на домаќинот и ја упропасти големата победа над „граѓаните“ и со тоа ја загрози својата позиција во борбата за титулата.
„Не сум во можност да објаснам што се случи бидејќи не видов точно, мојот тим се бореше, но не сум сигурен дека можеше да успее. Можеме да играме подобар фудбал, но не сум сигурен дали можеме со ваква пауза. Им реков на играчите да ми кажат ако некои не можат да играат, дека никогаш нема да зборувам за тоа или да му кажам некому, но никој не се јави, и тоа е добрата работа. Што се однесува до нашата игра, немам идеја што да ви кажам за тоа“, изјави Клоп.
Рагнар Клаван и Садио Мане направија грешки за споменатите пенали, двата беа чисти, но гостите се бунеа поради фаулот непосредно пред вториот.
„Немаше фаул пред слободниот удар пред вториот пенал. Потребно е малку среќа, но Сандерленд доста се трудеше и можеби ја заслужи“, изјави Клоп.
Мане пред пеналот кој го направи, му донесе водство на Ливерпул, па наместо јунак, стана трагичар.
„Искрено, мислам дека топката ме погоди во рака. Некој ме поттурна, изгубив контрола и таа ме погоди. Да, би рекол дека тоа е пенал. Мораме да мислиме на наредниот натпревар, мораме да го прифатиме овој бод“, изјави Мане.
Ливерпул заостанува со пет бода зад лидерот Челзи, кој утре гостува кај Тотенхем. Тимот на Клоп во следното коло гостува кај Манчестер јунајтед, на 15-ти јануари.
Пред тоа, Ливерпул го чека Плимут во ФА купот на осми јануари, а три дена подоцна гостува кај Саутхемптон во Лига купот.

Најнови вести