Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

Ветеранот Лескот нов играч на Сандерленд

Џолеон Лескот, искусниот англиски дефанзивен играч, денес беше претставен како ново засилување на Сандерленд, клубот кој се бори за опстанок во Премиер лигата.

Лескот последно играше за АЕК од Атина, а неговата кариера во последните неколку сезони е во пад. За Сандерленд ќе игра до крајот на оваа сезона, а во клубот дојде како слободен играч.
По 22 одиграни натпревари во Премиер лигата, Сандерленд се  наоѓа на последното место на табелата со 15 освоени бода. Челниците на клубот веруваат дека Лескот ќе има големо значење за екипата.

 

Најнови вести