Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2017

Бартра денес се враќа на теренот со гипс

Мaрк Бартра закрепна од повредата на раката по бомбашкиот напад на клупскиот автобус и ќе биде подготвен за денешното гостување на Борусија Дортмунд во Аугсбург.

Бартра минатиот месец ја скрши раката при трите експлозии врз автобусот на „милионерите“ на пат кон натпреварот од Лигата на шампионите против Монако во Дортмунд, поради што мораше да му биде извршена операција.
„Бартра може да игра против Аугсбург, тоа се баш убави вести. Преостанува уште да разговарам со докторите да видиме дали може да игра со гипсот. Доколку сè биде во ред, ќе биде во тимот“, изјави Томас Тухел, тренерот на Борусија.
Шпанскиот дефанзивен играч оваа сезона, откако дојде во Борусија, одигра вкупно 24 натпревари и даде еден гол.
Борусија моментно е трета на табелата на германската Бундеслига, со два бода повеќе од Хофенхајм, и сака да остане на таа позиција за да може директно да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Најнови вести