Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Буфон нема да брани за ПСЖ на следните два меча

Тренерот Томас Тухел потврди дека Џиџи нема да биде на теренот

Џанлуиџи Буфон беше доведен во Пари Сен Жермен како големо засилување, но според најавите на тренерот Томас Тухел, тоа не значи дека секогаш ќе брани. Буфон дебитираше против Каен во француското првенство, а потоа бранеше и против Генгамп. На тие две средби прими само еден гол.
Стратегот на францускиот првак потврди дека Буфон нема да биде на голот на „светците“ за следните два меча. ПСЖ утре на свој терен игра против Ангерс, а Тухел вели дека Буфон нема да брани. Неговото место ќе го заземе Алфонс Ареола. 
„Ареола ќе брани на дуелите против Ангерс и Нимес, а потоа ќе видиме како ќе биде. Мислам дека е важно и Ареола да брани. Последен пат тој бранел во мај. Не сакам да носам долгорочни одлуки, но засега сакам сите да бидат задоволни со еднаков третман“, објасни стратегот на ПСЖ, Тухел. 
На утрешниот меч можно е да се очекува враќање и на Единсон Кавани, кој се повреди уште на Светското првенство во Русија и оттогаш е на рехабилитација. 

 

Најнови вести