Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2015

Клоп: Мораме да бидеме похрабри

Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, ја презеде одговорноста за новиот пораз на тимот, но изјави дека сè уште ништо не е завршено.

Борусија во 19-тото коло на Бундеслигата на свој терен беше поразена од Аугсбург со 1-0, па со 11-тиот пораз остана на последното место на табелата.
„Јас сум виновен, јас го составувам тимот. Но сè уште ништо не е завршено. Можеме да направиме уште многу. Тимот заслужува критики за вечерва. Мораме да покажеме повеќе храброст во донесувањето на одлуките“, изјави Клоп.
Капитенот Матс Хумелс не е разочаран од реакцијата на навивачите по новиот пораз.
„Кога сте последни во половина од 19-те кола, би била навреда да не ја разбереме реакцијата на навивачите“, изјави стоперот на тимот.
Борусија во следното коло игра против директниот ривал за опстанок, Фрајбург, а Клоп сака играчите да реагираат токму на овој натпревар.

Најнови вести