Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2012

Шалке без Мецелдер во последните две кола

Германскиот фудбалски бундеслигаш Шалке во борбата за пласман во Лигата на шампионите ќе влезе без одбранбениот играч Криштоф Мецелдер, кој се повреди на натпреварот од 32-то коло против Аугсбург (1-1).

Клубот вчера ја објави веста дека поранешниот германски репрезентативец ги повредил лигаментите на десното стапало во дуел со Даниел Бајер, фудбалер на Аугсбург, па за него сезоната е, најверојатно, завршена.
Шалке на два натпревари пред крајот на првенството се наоѓа на третото место на бундеслигашката табела, со два бодови повеќе од Менхенгладбах. Во сабота Шалке ќе ја нагости Херта, додека во последното коло ќе гостува кај Вердер од Бремен.
Менхенгладбах претстојниот викенд ќе го нагости Аугсбург, а во последното коло ќе патува кај Мајнц.

Најнови вести