Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2011

Тимошчук суспендиран на три меча

Германската фудбалска федерација го казни Анатолиј Тимошчук, првотимецот на Баерн Минхен, со три натпревари неиграње поради исклучувањето на првенствениот натпревар во неделата против Аугсбург, кој Баерн го доби со 2:1.

Украинскиот репрезентативец ќе ги пропушти бундеслигашките дуели против актуелниот шампион Борусија Дортмунд, Мајнц и Вердер од Бремен.
Оваа казна му ги искомплицира работите на Јуп Хејнкес, тренерот на „баварците“, пред претстојните важни натпревари, бидејќи Тимошчук игра на позицијата на германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер, кој е надвор од погонот поради повреда. Швајнштајгер минатата седмица, на натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи ја скрши клучната коска и ќе отсуствува од теренот до крајот на годината.

Најнови вести