Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2013

УЕФА го казни Лацио со суспензија на стадионот на два натпревари

Европската фудбалска федерација го казни Лацио од Рим со затворање на вратите на стадионот за идните два натпревари во Лигата на Европа.

Поради расистичко однесување на навивачите на „небесно-сините“ во текот на реванш-натпреварот од шеснаесетфиналето против Менхенгладбах, во кој Лацио славеше со 2-0 и со вкупно 5-3 помина понатаму, Дисциплинската комисија, која регистрираше дека околу 300 навивачи на римската екипа демонстрираа нацистичко салутирање, го казни Лацио со одигрување на следните два европски натпревари без присуство на публиката, како и со 40.000 евра парична казна.
Првиот од двата натпревари без публика Лацио ќе го одработи во осминафиналето против Штутгарт.
УЕФА сè уште официјално не ја објавила оваа казна, но од врвот на Лацио потврдија дека се запознаени со изнесените казнени мерки, коишто се ригорозни бидејќи римскиот клуб веќе беше под условна казна поради претходни расистички испади на неговите навивачи на европските натпревари.
Во Лацио сметаат дека казната е престрога и најавуваат жалба.

Најнови вести