Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2014

Челзи го испрати Ромеу во Штутгарт

Ориол Ромеу, фудбалерот на Челзи, оваа сезона ќе игра на заем во германскиот Штутгарт, потврди клубот од Лондон.

Ромеу неодамна потпиша нов, тригодишен договор со Челзи, но менаџерот Жозе Мурињо му соопшти дека за новата сезона не смета на него.
Шпанецот Ромеу во Челзи дојде летото 2011 година од Барселона, а досега за „сините“ одигра 33 натпревари и даде еден гол.
Дваесет и двегодишниот фудбалер и минатата сезона играше на заем во Валенсија.


Најнови вести