Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Азар му се умилкува на Сари

Со новиот тренер сме многу поопасни, вели Белгиецот

Најдобриот белгиски фудбалер Еден Азар вели дека тактиката која ја применува новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, му одговара повеќе отколку стилот кој го применуваа претходниците на италијанскиот стручњак. 

Жозе Мурињо и Антонио Конте го водеа Челзи со идеја да се прими гол помалку од противникот, освоија титули во Премиер лигата со лондонскиот клуб, но „Сари-бол“ е нешто што е по мерка на Азар. 

„Сакам кога ја имаме топката во нозе, но не на нашата половина, туку во 30-те метри до голот на противникот. Ми се допаѓа тој тип на игра, кој е комплетно поразличен од претходниот на Конте и Мурињо. Кога ја имаме топката во наш посед, тоа е добро за мене и за екипата, така сме многу поопасни. Играме добар фудбал, победуваме, уживаме, штета што дојде паузата за репрезентациите“, изјави Азар.

Челзи летово не потроши многу пари, ги донесе само Жоржињо од Наполи и Матео Ковачиќ како позајмен од Реал Мадрид, но го задржа Азар, кој е клучна алка во „сините“, кои ќе бидат во редот на главни фаворити во Лигата на Европа. 

 

Најнови вести