Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Челзи го победи Борнмут на „сув квалитет“

Екипата на Маурицио Сари, му се придружи на Ливерпул со 12 бода од четири меча

Борнмут долго даваше отпор и одржуваше 0-0 на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“, но квалитетот кој го има Челзи е преголем, и благодарение на тоа дојде до четвртата победа по ред, изедначувајќи се со Ливерпул на чело на табелата.

Англиските аналитичари особено го фалат средниот ред на Челзи, кој има „сув квалитет“, па играчли како Фабрегас и Баркли се заковани на клупата за резерви. Стрелци на головите беа Педро и Азар. 

Во терминот од 16 часот, немаше големо дерби во Премиерлигата. 

Брајтон губеше 0-2, но дојде до 2-2 против Фулам, а прва победа извојува Саутемптон. Ништо добро не му се пишува на Вест Хем, кој и по четири кола, уште нема освоено ниту еден бод. „Чеканите“ дома загубија од „волците“, и веќе се сериозен кандидат да го сменат тренерот Мануел Пелегрини, додека не е предоцна. 

Резултати: Брајтон – Фулам 2:2, Челзи – Борнмут 2:0, Кристал Палас – Саутемптон 0:2, Евертон – Хадерсфилд 1:1, Вест Хем – Вулверхемптон 0:1. Од 18.30 часот играат Манчестер сити – Њукасл. 

 

Најнови вести