Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2017

Борусија со пенали до четврт-финалето

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и на Ајнтрахт од Франкфурт се пласираа во четврт-финалето на Купот на Германија.

Борусија дури по пеналите ја елиминира Херта, откако беше нерешено 1-1 по регуларните 90 минути, а потоа и по дополнителните 30 минути игра.
Во серијата пенали, Херта не погоди два, Дембеле погоди за Борусија, но не и Пулишиќ, по што Есвајн конечно постигна гол за тимот од Берлин.
Погодија Алагуи за Херта, Обамејанг и Кастро за Борусија, а победникот го реши искусниот Саломон Калу промашувајќи го голот на Борусија во петтата серија.
Во другиот натпревар синоќа, Ајнтрахт продолжи со одличните резултати од Бундеслигата со победата во Хановер од 2-1.
Тимот од Франкфурт славеше по пресвртот, домаќинот поведе со голот на Харник во 57-мата минута, а Тавата и Сеферовиќ направија пресврт до 66-тата минута.
Претходно во четврт-финалето се пласираа: Баерн Минхен, Менхенгладбах, Арминија, Шалке, Лоте и Хамбургер.
Куп на Германија, четврт-финале (28-ми февруари/први март):
Баерн Минхен – Шалке
Хамбургер – Менхенгладбах
Ајнтрахт – Арминија
Лоте – Борусија Дортмунд

Најнови вести