Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2013

Дут го наследи Шаф во Вердер

Нов тренер на фудбалерите на Вердер од Бремен е Робин Дут, соопшти германскиот бундеслигаш.

Тој досега ја извршуваше улогата спортски директор на Фудбалскиот сојуз на Германија, но челниците на Сојузот му излегоа во пресрет и му овозможија да го преземе Вердер, иако договорот му истекуваше за три години.
Дут потпиша договор до јуни 2016 година, а на клупата на Вердер ќе го замени Томас Шаф, кој на крајот на сезоната го напушти клубот по 14 години.
Дут во досегашната тренерска кариера ги водеше Штутгартер кикерс, Фрајбург и Баер Леверкузен, а на Германецот со индиско потекло тоа нема да му биде прв пат клуб да преземе по една ера на неговиот претходник. Кога го презеде Фрајбург во Втората Бундеслига во 2007 година, го наследи Фолкер Финке по 16 години во клубот.
Со Фрајбург го направи и најголемиот успех во тренерската кариера, освојувајќи ја германската втора лига.

Најнови вести