Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2013

Себастијан Кел уште една година во Борусија Дортмунд

Себастијан Кел, 33-годишниот германски фудбалер, одлучи на уште една година да го продолжи договорот со Борусија од Дортмунд, клубот во којшто се наоѓа од далечната 2001 година.

Капитенот на Борусија кариерата ја почна во 1998 година во Хановер, каде што престојуваше две години. Потоа кратко го носеше дресот на Фрајбург и во 2001 година дојде во Дортмунд, каде што и ден денес е многу важен играч во одбранбениот ред или на позицијата играч за врска од задниот ред.
„Овој клуб, соиграчите нашите прекрасни навивачи и градот се мојот втор дом. Многу сум среќен и горд што овде ќе играм до јуни идната година. Сакам до крајот да освојам уште некој трофеј со екипата“, изјави Кел, кој досега освои три шампионски титули на Бундеслигата, како и Германскиот куп.
Оваа сезона Кел, како и неговата екипа, има шанса да ја освои и шампионската титула на Европа . Борусија стаса до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе игра против Реал од Мадрид (првиот натпревар идната среда во Дортмунд).
Од 2001 до 2006 година Кел беше и германски репрезентативец, а боите на „елфот“ ги бранеше во 31 натпревар.

Најнови вести