Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2017

Фрајбург – Хамбургер: Шест натпревари – шест ремија

Натпреварот од 14-тото коло на Бундеслигата меѓу Фрајбург и Хамбургер е завршен без голови. Фрајбург со 12 бода се наоѓа во зоната за испаѓање, а Хамбургер со два бода повеќе моментно е во сигурната зона.

Кристијан Штрајх и Маркус Гиздол, тренерите на двата клуба, во рамките на Бундеслигата се сретнаа вкупно шест пати, а немаше победник. Сите натпревари беа завршени со нерешен резултат.
„Веќе се премногу натпревари во коишто вложивме огромен напор и покажавме одлична структура, но на крајот не бевме доволно прецизни, што е штета. Од многу работи сум целосно задоволен, но кога се игра со толку многу притисок, мора поинаку да се однесуваме пред голот. Тоа е нашиот проблем“, изјави Кристијан Штрајх, тренерот на Фрајбург.
Маркус Гиздол, тренерот на гостинскиот тим, не е сосема задоволен од играта на неговата екипа, но затоа е среќен поради освоениот бод.
„Сега тој еден бод е во фокусот. Дефинитивно не ја покажавме нашата најдобра игра, имавме бројни дефицити, но се потрудивме. Во второто полувреме веќе не ни одеше од рака да се спротивставиме на притисокот на Фрајбург. Но мораме да гледаме позитивно на работите. Игравме нерешено и постигнавме бод“, изјави Гиздол.
Фрајбург следниот натпревар го игра на десетти декември во Келн, додека Хамбургер ден претходно ќе го дочека Волфсбург.

Најнови вести