Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Хамбургер вечерва игра меч за памтење

Стадионот ќе биде исполнет до последно место

Некогашниот европски првак, Хамбургер, од денеска испишува едно ново поглавје во клупската историја. За прв пат по 54 години елитен фудбал во Бундеслигата, тимот ќе го одигра дебитантскиот натпревар во Втората германска лига. 
Хамбургер минатата сезона не успеа да обезбеди опстанок и беше исфрлен од елитата. Вечерва на свој терен ќе игра против Кил, а се очекува стадионот кој има капацитет од 57.000 гледачи, да биде исполнет до последно место.
Иако ќе игра во втората лига, дури 25.000 билети се распродадени за цела сезона. Хамбургер верува дека експресно ќе се врати во Бундеслигата за следната сезона.

 

Најнови вести