Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2018

Лајпциг со пресврт го порази Баерн по 20 натпревари

Фудбалерите на Лајпциг ја завршија повеќемесечната непобедливост на Баерн со триумфот од 2-1 по пресвртот во 27-мото коло на Бундеслигата.

„Баварците“ поведоа на „Ред Бул арената“ со погодокот на Сандро Вагнер во 12-тата минута, Џејмс Родригез ја испрати топката на пет метри, а центарфорот со глава ја испрати во мрежата.
Но, осум минути пред крајот на полувремето, Лајпциг израмни. Набил Кејта по неуспешното додавање, ја собра одбиената топка и од околу шест-седум метри ја испрати во голот.
Домаќинот направи пресврт во десеттата минута од продолжението, Тимо Вернер одлично го проигра Кејта зад грбот на одбраната на Баерн, а потоа со два контакта ја испрати топката во казнениот простор, од каде што со остар удар по земја го измами Улрајх.
Баерн беше поразен по 20 натпревари во сите натпреварувања, за прв пат од крајот на ноември, а дури трет пат во Бундеслигата оваа сезона. И покрај тоа, „баварците“ и понатаму се на чекор од титулата бидејќи имаат 17 бодови повеќе од второпласираниот Шалке.
Лајпциг со првата победа по четири кола се врати во борбата за Лигата на шампионите, заостанува со два бода зад четвртопласираниот Ајнтрахт од Франкфурт.
Во следното коло Баерн го очекува големото дерби со Борусија од Дортмунд, додека Лајпциг ќе гостува кај Хановер.

 

Најнови вести