Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2013

Менхенгладбах потпиша со Макс Крузе од Фрајбург

Германскиот фудбалски бундеслигаш Менхенгладбах потпиша четиригодишен договор со Макс Крузе, 25-годишниот играч кој и оваа сезона многу забележително настапуваше за Фрајбург.

Офанзивниот играч за врска Крузе во досегашниот дел од сезоната постигна девет погодоци и имаше осум асистенции за Фрајбург, клубот којшто ќе го напушти во текот на ова лето, а во Менхенгладбах би требало да остане до 2017 година.
„Многу сме задоволни што Крузе се одлучи да дојде кај нас. Тој е големо засилување во сите години што се пред нас“, изјави спортскиот директор на Менхенгладбах, Макс Еберл.
Менхенгладбах моментно се наоѓа на седмото место на табелата и се бори за влез во Лигата на Европа, каде што играше и оваа сезона и испадна во шеснаесетфиналето од Лацио.

Најнови вести