Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2015

Шуберт постојан тренер на Менхенгладбах

Борусија Менхенгладбах го именува Андре Шуберт за постојан тренер на екипата, бидејќи до сега беше само извршител на должност.

Шуберт на 21 септември ја презема екипата од Лусијан Фавр, а клубот од тогаш има серија од седум натпревари без пораз.
Борусија и 44-годишниот тренер потпишаа договор до јуни 2017 година.
„Андре во последните осум недели постигна фантастични резултати со клубот и не убеди дека си ја знае својата работа. Разговаравме за сите детали во овие последни недели. Знаеме дека тимот е во добри раце, затоа и се одлучивме да потпишеме договор“, изјави спортскиот директор на клубот Макс Еберл за интернет страната на Бундеслигата.
Ова е прва работа на Шуберт во Бундеслигата, до сега го водеше  Падерборн, Сент Паули и младиот тим на Менхенгладбах.
Борусија Менхенгладбах моментално е шеста на табелата со 19 бодови од 12 кола. Шалке и Херта имаат по 20 бодови, а Волфсбург 21 бод.

Најнови вести