Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2015

Брајтенрајтер на клупата на Шалке

Досегашниот тренер на Падерборн, Андре Брајтенрајтер во следните две години ќе биде тренер на Шалке, потврди клубот од Гелзенкирхен.

Четириесет и двегодишниот Брајтенрајтер на клупата го наследи Роберто ди Матео кој во мај доби отказ.
„Многу сме среќни, го пронајдовме вистинскиот човек. Од него очекуваме атрактивен, страстен и напаѓачки фудбал, тимски дух, сè што одговара на ентузијазмот на нашите навивачи“, изјави директорот на клубот Хорст Хелдт.
Шалке минатата сезона стигна до осминафиналето на Лигата на шампионите, но во Бундеслигата заврши на шестата позиција поради што нема да повторно да игра во елитното клупско натпреварување.


Најнови вести