Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2016

Лерој Сане во Манчестер сити

Пеп Гвардиола го доведе четвртото засилување во Манчестер сити - потпиша Лерој Сане.

Германскиот репрезентативец има 20 години, а Манчестер сити на Шалке ќе му плати 37 милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне 55 милиони.
Сане е крилен напаѓач кој минатата сезона на 42 натпревари за Шалке постигна девет голови,  имаше и седум асистенции , а беше дел од германската репрезентација на Евро 2016.
Тој минатата година го продолжи договорот до летото 2019 година, но инсистирал на трансферот кога за него интерес покажал Гвардиола.
Пред Сане во Манчестер сити летово стигнаа фудбалерите од средината на теренот Александар Зинченко и Илкај Гундоган и напаѓачот Нолито.
Англиските медиуми шпекулираат дека на „Етихад“ следните денови би можел да дојде и стоперот на Евертон Џон Стонс за 50 милиони евра и новиот бразилски суперталент Габриел Хезус од Палмеирас.

Најнови вести