Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2016

Тешка повреда на Коке

Новиот фудбалер на Шалке, Коке, доживеа тешка повреда на коленото само еден ден откако дојде во германскиот клуб од Севилја.

Дваесет и деветгодишниот шпански фудбалер во средата потпиша договор со Шалке, а во четвртокот се повреди на пријателскиот натпревар со Болоња.
„Коке ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено поради што подолго време ќе биде надвор од строј“, се вели во соопштението на Шалке.
Лекарските прегледи покажаа дека се работи за сериозна повреда која Коке ќе го оддалечи од терените од шест до девет месеци.
„Шокирани сме. Многу ни е жал за Коке, особено затоа што сите му се израдувавме на неговото доаѓање во Гелзенкирхен“, изјави спортскиот директор на Шалке Кристијан Хејдел.

Најнови вести