Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2017

Венгер: Кокелен надвор од теренот еден месец, Алексис е добро

Франсис Кокелен ќе отсуствува од теренот еден месец поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, изјави Арсен Венгер на конференцијата за новинарите.

Играчот за врска на Арсенал беше заменет во 28-мата минута од натпреварот против Борнмут.
Тренерот на Арсенал изјави дека и закрепнувањето на Санти Касорла тече побавно од очекуваното, додека по долгата пауза, во натпреварот од ФА купот на теренот би можело да се појави Дени Велбек. На средбата против Борнмут полесна повреда на ногата заработи и стрелецот на вториот гол на гостите, Лукас Перез.
Некои британски таблоиди објавија дека Алексис Санчес бил фрустриран по ремито со Борнмут и дека соиграчите мислат дека ќе го напушти клубот. Венгер даде изјава за тие шпекулации.
„Што има тука изненадувачко?! Сакаме да победуваме во натпреварите, ако тоа не се случува, не сме среќни. Тоа е сосема нормално. Без страст не ни можете да се вратите од минусот од три гола во 70-тата минута. Сите сме фрустрирани поради тоа што не победивме. Секако, Алексис е добро“, изјави Венгер.

Најнови вести