Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2016

Баба позајмен во Шалке

Фудбалерот на Челзи Абдул Рахман Баба следната сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Шалке, објави германскиот клуб.

Левиот бек од Гана ги мина лекарските прегледи во Гелзенкирхен и во својот нов клуб ќе го носи дресот со број 14.
Баба минатата сезона не беше во прв план кај „сините“, одигра 23 средби во сите натпреварувања, а ситуација не се смени ниту со доаѓањето на новиот менаџер Антонио Конте.
Тој дојде во Челзи минатото лето од Аугсбург за 16,5 милиони евра, но беше во сенка на Цезар Аспиликуета.
Досега го носел дресот на Асанте Котоко и Гројтер фирт, а за репрезентацијата на Гана има 18 настапи.

Најнови вести