Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2012

Хофенхајм го отпушти Станиславски

Хофенхајм му врачи отказ на тренерот Холгер Станиславски поради лошата серија во Бундеслигата, како и испаѓањето од Купот на Германија во средата.

Станиславски, кој летоска дојде во редовите на Сент Паули, е во црна серија од десет натпревари во кои само еднаш се радуваше на победата.

Капак на сè беше испаѓањето од Купот на Германија, каде што загуби од второлигашот Гројтер Фирт со 1-0.

„Одлучивме нашите патишта да се разделат. Му дадовме на знаење дека иако играме лошо во првенството, сепак нашата цел е најмалку полуфиналето во Купот, но се случи тоа што се случи и ние моравме да преземеме нешто. Му се заблагодаруваме на Холгер и му посакуваме успех во иднина“, стоеше во официјалното соопштение од клубот.

Клубот се наоѓа на осмата позиција на табелата со освоени 24 бода од дваесет натпревари, само седум повеќе од местото кое води во понизок ранг. Сè уште не е објавено кој ќе седне на жешката клупа на Хофенхајм.

Најнови вести