Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2016

Дитер Хекинг го презеде Менхенладбах

Откако вчера беше отпуштен Андре Шуберт, денес за нов тренер е поставен Дитер Хекинг.

Менхенгладбах има многу проблеми оваа сезона. По 16 одиграни кола, има само четири победи, четири нерешени резултати и осум порази, па поради тоа моментно е многу далеку од местото кое води во Европа.
Поради тоа, вчера беше сменет Андре Шуберт, а денес веќе е поставен нов тренер. Тоа е некогашниот стратег на Волфсбург, Дитер Хекинг.
Тој вчера вечерта потпиша договор со Менхенгладбах до јуни 2019 година и ќе се обиде на екипата да ѝ ја врати самодовербата и до крајот на сезоната да избори европско натпреварување.

Најнови вести