Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2015

Шуберт на клупата на Менхенгладбах

Андре Шуберт, селекторот на кадетската репрезентација на Германија, е именуван за привремен тренер на бундеслигашот Менхенгладбах.

Макс Еберл, спортскиот директор на Менхенгладбах, изјави дека Шуберт веднаш прифатил да му помогне на клубот и додаде дека 44-годишниот тренер се радува на новите предизвици во кариерата.
Луцијан Февр, досегашниот тренер на Менхенгладбах, кој екипата ја предводеше од 2011 година, поднесе оставка поради лошите резултати на почетокот на сезоната.
Менхенгладбах од почетокот на сезоната во седум натпреварувачки средби забележа шест порази и еден триумф, и тоа против Сент Паули во Купот на Германија.

Најнови вести