Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2015

Февр: Играчите на Севилја се за Оскар

По поразот на Менхенгладбах од 3-0 во Севилја во првото коло на Лигата на шампионите, Луцијан Февр, тренерот на германскиот бундеслигаш, имаше што да каже.

„Не ми е јасен особено првиот пенал, не знам на која основа беше досуден. Тоа момче, мислам дека се вика Витоло, па тој е актер за Оскар“, изјави Февр.
Швајцарскиот стручњак призна дека и неговиот тим бил во подредена улога.
„Мислам дека тие беа подобри во поголемиот дел од натпреварот, ние направивме многу грешки, некои коишто ниту во сон не би можеле да се случат. Немавме ниту физичка ниту ментална брзина“, изјави Февр.

Најнови вести