Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2018

Спектакуларни ножички на Роналдо за аплауз во Торино, Баерн со пресврт во Севилја

Кристијано Роналдо постигна два гола на гостувањето кај „старата дама“, а кога по трет пат го матираше Буфон, навивачите на Јувентус го наградија со громогласен аплауз. Тоа беа спектакуларни ножички и еден од најубавите погодоци во историјата на Лигата на шампионите.

Реал и Баерн како гости остварија многу важни победи во првите натпревари од четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Реванш-натпреварите во Мадрид и во Минхен ќе се играат на 11-ти април.
Мадриѓаните дури со 3-0 беа подобри од Јувентус во Торино.
Првиот гол на натпреварот беше постигнат во третата минута. Иско одлично му асистираше, а Роналдо беше немилосрден и Буфон немаше шанса.
Со тој гол Роналдо испиша нови страници на историјата - стана прв играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал голови на десет последователни натпревари. Тоа беше негов 118-ти гол во Лигата на шампионите, а најбрз кој некогаш го постигнал во најелитното натпреварување.
Нема што да се каже за вториот гол на Португалецот. Се играше 64-тата минута, Карвахал центрираше од десната страна, Роналдо со нереални ножички ја погоди мрежата. Аплаузот од страна на навивачите на Јувентус можеби и најдобро опишува за каков гол станува збор.
Во 72-рата минута точка на натпреварот стави Марсело, а овој пат Роналдо беше асистент.
Шест минути пред тоа, поради втор жолт картон Јувентус остана без Дибала.
Баерн Минхен ја совлада Севилја во гости со 2-1. Домашниот тим во 31-вата минута дојде до водство. Стрелец беше Сарабија, а асистент Ескудеро.
Севилја немаше среќа во 37-мата минута. По обидот на Рибери од левата страна, топката го закачи Навас, а потоа ја погоди стативата и влезе во голот.
Во 68-мата минута Рибери му асистираше на Алкантара за конечни 2-1.

 

Најнови вести