Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Севилја ќе бара службена победа против Барселона

Доколку каталонците настапат со повеќе од тројца неевропски играчи на шпанскиот Суперкуп, Севилја ќе поднесе жалба

Фудбалскиот клуб Севилја преку „Твитер“ се закани дека доколку во составот на Барселона на вечерашниот меч од Суперкупот на Шпанија има повеќе од тројца играчи кои не се од Европа, нема да играат. Мечот се игра во Мароко со почеток во 22 часот. 
Вчера од шпанската фудбалска федерација ги известија клубовите дека за суперкупот нема да важи правилото дека еден тим може да има до тројца странци. Суперкупот првпат ќе се игра во еден меч, а не два како досега, и нема професионален статус како првенството, па затоа од федерацијата одлучија да дозволат да може да играат сите што не се од Европа. 
Од Севилја се изненадени од одлуката и најавија дека ќе се жалат, ако нивниот противник на терен испрати „нерегуларен состав“. Откако Кутињо зеде португалско државјанство, сега во Барселона има четворица играчи со неевропски пасоши: Малком, Артур, Видал и Марлон. Тренерот Ернесто Валверде планира од составот да го изостави Марлон, а и тој смета дека одлуката на шпанската федерација е чудна, бидејќи лани Серџи Роберто на првиот меч доби црвен картон, па не смееше да игра на реваншот, и се прашува како тоа одеднаш суперкупот стана натпреварување кое не е од професионален карактер. 

 

Најнови вести